Автобуски постојки трансформирани во билборди за политичко рекламирање! Дали тоа што не е забрането може да биде дозволено?
Политичкото рекламирање и промовирање на партиите, кандидатите за градоначалници и останатите учесници во изборниот процес, и на последниве локални избори не помина без серија прекршувања на Изборниот законик. Освен политичките пораки наменети за гласачите кои најчесто се наоѓаат закачени на билбордите, содржина со партиски пароли и постери со кандидати за време на предизборието можеа да се забележат и на дел од автобуските постојки во Скопје.
