Анализи

  • Со висечки реклами, дел од партиите ги извисија правилата за политички маркетинг

    Висечки реклами на кои се прикажани имињата и ликовите на неколкумина кандидати на политички партии се издигнуваат над дел од главните улици во Тетово. Обичните минувачи знаат дека станува збор за дел од политичкото рекламирање за изборите, но најголем дел од граѓаните не знаат дека овој вид на политичко рекламирање е буквално во сива зона и никој не го контролира.