За проектот

КОЈА Е ЦЕЛТА НА ОВОЈ ПРОЕКТ?

Главната цел е да се создаде ред во хаосот со јавниот простор и локациите дадени за платено политичко надворешно рекламирање.  

Во контекст на пандемијата КОВИД-19 и организирање и одржување парламентарни избори во јули 2020 година, политичките партии се фокусираат на надворешно рекламирање бидејќи се избегнуваат или пак не се дозволени масовни собири и митинзи. Во оваа смисла, локациите за надворешни реклами (билборди) ја зголемуваат нивната важност за политичките партии и нивните изборни кампањи.

ЗОШТО Е ВАЖЕН ОВОЈ ПРОЕКТ?

Политичките партии експресно и без каква било јавна расправа се согласија да го сменат Изборниот законик во областа на регулацијата на билбордите, во февруари 2020 година, само 2 дена пред разрешувањето на Парламентот, вклучително и рекламирањеto на политичките партии.

Преку online мапирање на локациите на билбордите со платено политичко рекламирање, придонесуваме кон отчетно трошење на јавните пари и средствата доделени на политичките партии за нивно рекламирање.

ШТО ПРАВИМЕ?

Врз основа на истражувањата во проектот, мониторингот на содржината и локациите на билбордите, утврдуваме како се спроведува член 78-а од Изборен Законик, односно транспарентност на процентот (%) на застапеност на политичките партии на билбордите со свој рекламен простор.

Воедно, поставуваме прашања до надлежните институции и служби за да утврдиме кој е надлежен за поставување разни реклами во јавен простор и како/дали истите постапуваат.

Ја анализираме и содржината на билбордите со цел да алармираме за говорот на омраза и да се отстранат сите партиски содржини кои нанесуваат штета на демократските процеси во државата.

ШТО ЌЕ ПОСТИГНЕМЕ?

  • Промена кај институциите и општините да бидат потранспарентни и отчетни во делот на доделување локации од јавен простор;
  • Развиена свест кај јавноста за користење и наплата на јавниот простор.
  • Промена во легислатива која го уредува овој сегмент, односно доуредување и/или измена во закон.

САКАШ ДА ДОЗНАЕШ ПОВЕЌЕ?

Кликни на мапата,  најди го твојот град и види колку билборди го окупирале јавниот простор и која политичка партија се рекламира. 

Според националното законодавство, „билбордите“ се сметаат за медиуми за надворешно рекламирање. Содржината на ваквите медиуми изложени во јавноста може многу да влијае на начинот на гласање.

И уште нешто: си ги забележал/а сите тие висечки реклами над крстосниците? Нашиот проектен тим дозна дека се непрописно поставени и влијаат и на безбедноста во сообраќајот. Прочитај повеќе тука

САКАШ ДА СЕ ВКЛУЧИШ?

Можеш и ти да придонесеш да го исчистиме јавниот простор од содржина која навредува, омаловажува, која промовира „црна кампања“, која не е прописно поставена и го загрозува просторот за пешаци или велосипедисти.

Прати ни фотографија од билборд од твојот град/место/улица со вклучена локација/GPS информација на нашата контакт форма.