Analiza Na Finansiski Izvestai 20.02.2022 Thumb

Анализа на финансиските извештаи на политичките партии – Локални избори 2021

Оваа анализа е дел од проектот наменет за мониторинг на кампањата и учесниците во изборната кампања, особено во делот на рекламирањето на билборди и се надоврзува на првиот извештај.

analiza-na-finansiski-izvestai-20.02.2022

Целта на оваа анализа е да се проценат и проверат активностите на учесниците во изборната кампања на локалните избори 2021 година, поврзани со надворешното рекламирање, да се идентификуваат предизвиците кои произлегуваат од законската рамка и начинот на спроведување на член 78 – а од Изборниот законик и член 85, што се однесува на вкупните финансиски извештаи, но во делот на рекламирање на билборди.

Оваа анализа ги прикажува поконкретно податоците објавени од финансиските извештаи на партиите/учесниците во изборниот процес за локалните избори во октомври 2021 година во Северна Македонија.

Анализата ќе се користи за континуирано следење на отчетноста на партиите/учесниците во изборните процеси, проверка на транспарентноста на институциите, подготовка за препораки за измени на Изборниот законик, како и следење на имплементација на Законот за финансирање на политичките партии, заедно со објавената Анализа на критериумите за транспарентност на ИМПЕТУС.

За парламентарните избори во Северна Македонија, јуни-јули 2020 година, Здружението ИМПЕТУС изработи интерактивна онлајн мапа и анализа на политичкото рекламирање преку билборди за време на изборната кампања, кои се достапни на официјалната веб-страница на проектот. Исто така достави до ДКСК и конкретни препораки и предлози за попрецизно регулирање на овој вид рекламирање во изборното законодавство, врз основа на спроведените истражувања и сознанија во 2020 и 2021 година. Бидејќи оваа област се покажа како интересна за ИМПЕТУС, следењето на политичките реклами и изборниот процес, продолжи и за локалните избори 2021 година.